Татко и син oд Ченто co мeceци пpoдaвaлe kokaин co пoтeклo oд Јужна Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против двајца жители на скопската населба Ченто.

Обвинетите, татко (49) и син (22), се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Обвинетите, во првата половина од 2020 година, неовластено заради продажба купиле кокаин по потекло од Јужна Америка, од непознато лице, припадник на меѓународна криминална група.

Купената дрога сите заедно ја пренеле преку државната граница во земјава и неовластено ја држеле во заедничката семејна куќа во населбата Ченто.

Таткото имал задача, во зависност од нарачките на заинтересираните купувачи, дрогата да ја дели и препакува во пакувања од 0,5 до 5 грама, додека синот бил задолжен за продажбата.

Од почетокот на јули годинава до 3 септември обвинетите по претходни телефонски договори, дрогата ја продавале на купувачи од Кондово, Скопје, Тетово и Неготино.

Во прилог на обвинението против таткото и синот, надлежниот обвинител доставил и предлог за продолжување на притворот за двајцата обвинети.

Притоа било земено предвид дека се работи за недозволена трговија со кокаин што е поскап вид на дрога, дека за сторителите не претставува проблем да обезбедат услови за бегство и на различни начини да ја попречуваат истрагата, како и нивната евентуална поврзаност со меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This