(Видeo) Татко низ coлзи pacкажува: Нemam за млeко, cинoт го „paнам“ со водa и шекep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупче Смилев е 23-годишен самохран татко, отсекогаш сакал семејство , не пораснал во семејство со мајка и татко и спиел по улици и домови за деца без родители.

Мајка му го оставила на 5 месеци и никогаш повеќе не се вратила, живеел колку толку добар живот се до 2012, кога баба му починала.

По тој момент тој и неговиот татко запаѓаат во тешка финансиска ситуација, немале ни за храна ни за основни услови. Татко му за да има да го прехрани бил принуден на кра жба, но таквите работи го ставиле зад решетки.

-Кога татко ми заврши зад решетки, ситуацијата стана многу полоша, моравме да го продадеме станот поради долгови, јас на 13 години морав да одам во малолетни домови, сменив неколку бев во Струмица, па потоа во домот ,,25 мај” во Бутел.

-Откако станав полнолетен го напуштив домот, имав ветувања од социјалните служби дека ке ми најдат покрив над главата, но кога дојдоа да ме посетат ми рекоа ,,што правиме сега со тебе”, ми рекоа да се снајдам како знам и умеам.

-Останав во Скопје уште месец-два кај некој пријатели, но потоа се вратив во Штип и спиев по улици цела година, народот ме гледаше со други очи, никој не сакаше да ми помогне, не сакаа да ми дадат ни корка леб, често бев гладен, низ солзи вели Љупче.

По овие моменти тој нашол работа, се вработил на стадионот во Штип како чувар, животот му се подобрил, но набргу дошло ново раководство во клубот и го набркало. Повторно завршува на улица, но не чекал многу и нашол нова работа овој пат во авто перална. Во договор со газдата таму и работел и спиел.

И кога помислил дека овде ќе се задрже, по саму 6 месеци авто пералните морале да се срушат и морал да замине. Очајно поднесува документи за работа во штипската болница, и за среќа бил примен. Таму ја запознава Ирена со која започнува врска и која ќе му го роди неговиот син Андреј.

-Се одеше како што треба, планиравеме и да се венчаме, тогаш го добив најскапоцениот подарок во мојот живот, се роди син ми Андреј, тој момент неможам да го опишам, летав од среќа. Почнав да барам стан под кирија за подобро утро за синот.

-Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше 5 месечното бебе само дома и излегуваше. Влегла во лоши друштва, не се знаеше кога оди кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден и еден ден си замина за секогаш, оставајќи ме мене со синот

-Често си доваѓаше во раните утрински часови, беше пријавувана и во полиција како исчезната, беше недостапна на телефонот, зема додаток за детето но не му купила ниту лижавче ,за да на крај го напушти мојот син и внук, вели таткото на Љупче

Пред неколку месеци Љупче преку социјалните мрежи стапил во контакт со неа, но тогаш таа му дала суров одговор.

-Сега околу нова година стапив во контакт со неа на ,,Фејсбук”, и ми рече дека за неа јас и синот веќе не постоиме, детето се разболе пред некое време, бев во болница требаше да остане да лежи, ме прашаа каде е мајка му, бидејќи само со неа може да остане таму, ми го вратија детето дома да го лечам, низ солзи вели Љупче.

-Се задолжувам само за да има моето дете, има моменти кога немам ни за млеко, па му растворувам вода и шеќер. Ако треба јас нема да јадам ама за Андреј ќе има.

Додека чука срцето на овај млад татко тој ќе се грижи за неговиот син, најголема желба му е да најде вработување, за да има нормален живот и да му обезбеди добро детство на својот син. Тој во емисијата ,,Срце на Дланка” си ја отвори душата. Секоја помош му е добредојдена, доколку сакате да помогнете на било каков начин тоа може да го сторите на 075-304-405

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This