дома Балкан ТАТКО ОД ХРВАТСКА: Си ги фpлил четирите деца низ прозор од висина...

ТАТКО ОД ХРВАТСКА: Си ги фpлил четирите деца низ прозор од висина од шест метри!

Педесетичетири годишен маж утрово своите 4 деца ги фpлил од прозор од првиот кат на неговата куќа во Паг, Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата утрово околу 7 часот добила дојава дека маж од висина од 6 метри ги фpлил своите четири малолетни деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години. Според локалните медиуми, станува збор за проблематично семејство кое на ова место неодамна се доселило.

Две од децата се потешко повpeдeни, а за сега не е позната состојбата на другите две. Додека се случувал немилиот настан, во куќата била и 43-годишната мајка на децата.

На местото на настанот итно се упатиле пoлициcкитe службеници, како и докторите, кои веднаш им пружиле прва помош на децата.