дома Хроника ТАТКО ОЧАЈНО БАРА ПОМОШ: Исчезна 10 гoдишно дете од Куманово

ТАТКО ОЧАЈНО БАРА ПОМОШ: Исчезна 10 гoдишно дете од Куманово

Кумановецот Африм Асани денеска побара помош од граѓаните доколку го видат неговиот 11- годишен син, Џингиз Асани да пријават во полиција или да се јават на неговиот телефонски број 075/ 844- 348.

-Детето носи црвена јакна, изјави родителот Асани од кумановски „Средорек“ кој побара помош од граѓаните доколку го видат детето да пријават во полиција или да го контактираат семејството. Исчезнатото момче е родено на 24.10.2009 година.

Од МВР денеска информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

-На 27 јануари 2020 во 19.50 часот во Полициската станица Куманово, А.А.(40) од Куманово пријавил дека неговиот 10-годишен син на 24.01.2020 околу 15.00 часот излегол од дома и до моментот на пријавување не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.