дома Македонија Тачи бара дводомен парламент за да не биде ускратено ниедно право на...

Тачи бара дводомен парламент за да не биде ускратено ниедно право на Албанците

Претседателот на ДПА и воедно носител на кандидатската листа во шестата изборна единица Мендух Тачи го потенцира залагањето во новата Влада да го добие местото заменик премиер и воведување на високо ниво на консензуална демократија.

-Ќе предложам да се формира дводомен парламент за да не биде ускратено ниедно право на Албанците. Така ќе бидат гарантирани слободата и основни права кај Албанците, рече Мендух Тачи.