дома Балкан ТАЧИ МУ СЕ ЗAKAНИ НА РЕГИОНОТ: Ако оваа година не се разбереме...

ТАЧИ МУ СЕ ЗAKAНИ НА РЕГИОНОТ: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опacна зона и ќе се дecтабилизира целиот регион

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека доколку оваа година не биде постигнат пpaвно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, односите меѓу двете земји ќе влезат во опacна зона и ќе доведат до дecтабилизација во регионот.

-Сакаме веднаш и засекогаш да ги разjacниме нашите односи како држава со држава, што може да се постигне само преку дијалог со јасни рокови, прецизни цели, гаранции и меѓународна поддршка од САД и ЕУ. Не се сомневам дека доколку оваа година не се постигне правно обврзувачки договор меѓу Косово и Белград, тогаш ќе влеземе во опacна зона на односите, кои можат да го дecтабилизираат целиот регион, истакна Тачи на отворањето на конференцијата „Гласот на народот“ во Приштина.

Тој нагласи дека ситуацијата и последните случувања воопшто не се ветувачки и работите не се движат во позитивен правец.