дома Политика Тачи: Никој не може да ме убеди дека Русија не подготвуваше црно...

Тачи: Никој не може да ме убеди дека Русија не подготвуваше црно сценарио во Македонија

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 искажа загриженост за руско влијание во Македонија.

„Се подготвуваше црно сценарио за Македонија. Никој не може да ме убеди дека и Русија нема влијание тука. Ова е сериозна закана за државата. Исто така убеден сум дека сега Мицкоски не сака да биде премиер. Тој калкулира. Сака да имаме техничка влада со премиер Албанец, со тоа ќе расте бројот на гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, па потоа на избори да добие поголем број на пратеници“, изјави Тачи.