дома Балкан ТАЧИ СО ЗАКАНА: Спречете го возот да влезе на Косово

ТАЧИ СО ЗАКАНА: Спречете го возот да влезе на Косово

Претседателот на Косово  Хашим Тачи порача дека треба да се спречу влезот во Косово кој од Белград тргна за Косово за првпат од 1999 година.

Тачи  на Фејсбук напиша дека е ,,неприфатлив“ влезот на возот во косово кој има, како што го нарекува ,,националистички налепници“, а што е во спротивност со ,,уставот“ и ,,законите“ во Косово.

Тачи воедно нагласува дека ја почитува слободата на движење, но дека овој потег е неприфатлив и воедно истакна дека во возот патуваат високи функционери на Србија кои немаат дозвола за влез во Косово.

“Затоа, тоа што е незаконски и го нарушува косовскиот државен суверенитет, треба да се спречи. Овој воз е провокација и Власта во косово треба да ги превземе неопходните законски мерки за да го спречат неговото движење“, напиша Тачи на фејсбук.