дома Балкан ТАЧИ, ХАРАДИНАЈ И ВЕСЕЉИ СОГЛАСНИ: Победата на изборите во црногорската општина Тузи...

ТАЧИ, ХАРАДИНАЈ И ВЕСЕЉИ СОГЛАСНИ: Победата на изборите во црногорската општина Тузи е „сеалбанска победа“!

Косовските лидери, Тачи, Харадинај и Весељи им честитаа на лидерите на албанските партии за резултатите на изборите во црногорската општина Тузи, нарекувајќи ја победата „сеалбанска“.


Тачи оцени дека тоа е одличен пример за она што Албанците можат да го постигнат доколку се обединат во име на идеалите, пренесе агенцијата АТА:

Харадинај констатираше дека се здобија со право да управуваат со црногорската општина.

„Одличен пример за тоа како албанскиот факто води до успех. Честитќи за значајната победа“, додаде Харадинај.

Весељи исто така им ј ачеститаше победата Албанците, додавајќи дека тоа е победа за сите Албанци, каде и да се.