Твитер е политичка алатка за koнтрола на Пентагон, обвинyва Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Твитер е политичка алатка во рацете на Пентагон, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи за обележувањето на медиумите на таа социјална мрежа.
Вучиќ посочи дека со означувањето на медиумите на Твитер, луѓето биле етикетирани во морална, политичка и секоја друга смисла.
„Тие не ги етикетираа тајкунските, медиумите крадци, оние што перат пари. Тие ги маркираат оние медиуми кои не се финансирани ниту од Владата на Србија“, рече Вучиќ.
Тој оцени дека тоа се прави со цел да се намали видливоста на одредени медиуми.

„Тие ја намалуваат намалуваат читаноста, ја намалуваат вашата заработка. Тоа е вистинска, директна цензура”, додаде Вучиќ.
Вучиќ повтори дека ќе најде начин да стигне до луѓето доколку неговата сметка биде исклучена или избришана.
„Ќе најдам начин да стигнам до луѓето, бидејќи не одам на одмор. Тие прават вистинска цензура. Ги етикетираа луѓето и редакциите, во морална, политичка и која било друга смисла. Тие не ги означија тајкунските медиуми кои го поддржуваат Беливук, ниту оние кои перат пари преку Луксембург. Тие означија луѓе кои не се финансирани од државата. Ниту Би -Би -Си, ниту Гласот на Америка, ниту хрватскиот или црногорскиот јавен сервис ја немаат таа ознака“. вели Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This