дома Политика ТВРДОКОРНИ ОРГАНИЗИРААТ ПРОТЕСТЕН МАРШ: Бараме аболиција за патриотите кои неправедно беа затворени...

ТВРДОКОРНИ ОРГАНИЗИРААТ ПРОТЕСТЕН МАРШ: Бараме аболиција за патриотите кои неправедно беа затворени поради случувањата на 27 април!

Граѓанската иницијатива „Тврдокорни“ најави мирен протестен марш, кој е закажан за 2-ри септември, а ќе тргне од Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје 

 

Како што информираат преку социјалните мрежи, граѓанската иницијатива „Тврдокорни“ закажале мирен протестен марш кој ќе се одржи на 2-ри септември со почеток во 17.00 часот, а ќе започне од Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Тврдокорни ќе бараат аболиција на патриотите кои беа лишени од слобода и неправедно осудени за „напад“ и нанесување на телесни повреди, без притоа да бидат изнесени докази за нивната вмешаност.

„Тврдокорни“ како што информираат, имаат и за цел будење на Македонскиот народ, против продавањето на националните интереси на државата од страна на новата влада во Р.Македонија.

„Мојот син нема да расте во безимена држава, каде татко му бил жив и здрав и со прст не мрднал да си го одбрани основното човечко достоинство“ – стои во повикот на „Тврдокорни“.