дома Актуелно ТВ НОВА ВЛЕЗЕ ВО ЛИПКОВО И АРАЧИНОВО: Еве што имаат да кажат...

ТВ НОВА ВЛЕЗЕ ВО ЛИПКОВО И АРАЧИНОВО: Еве што имаат да кажат мешаните од местата каде што СДСМ бара прегласување!

Одамна сме немале волку мирни и фер избори како овие парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, во недела, велат граѓаните од населените места Арачиново и Липково, по поднесените приговори до ДИК за изборни неправилности во овие општини

Екипата на ТВ Нова, разговараше со неколку граѓани од овие населени места, некои од нив го оствариле своето избирачко право, некои не, но сите беа едногласни во тврдењето дека изборниот ден помина мирно, фер и без никакви инциденти.

Тв Нова разговараше и со претседателот на општинската изборна комисија во Арачиново, кој, исто така, потврди дека изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Истата потврда пристигна и од еден од претседателите на изборните места во Липково…