дома Македонија ТЕВДОВСКИ НАЈАВУВА ОСТАВКА: Семејството од него бара да го напушти местото министер...

ТЕВДОВСКИ НАЈАВУВА ОСТАВКА: Семејството од него бара да го напушти местото министер за финансии и да се врати на претходното работно место

Во интервју за порталот „Мајка и дете”, министерот за финансии Тевдовски вели дека семејството од него бара да го напушти местото министер за финансии и да се врати на претходното работно место.

Изјавата е пласирана преку портал на сопругата на Бранко Геровски, а потоа и споделена на неговиот портал „Плусинфо” како семејно интервју. Сегашниот министер за финансии вели дека неговите деца од него бараат да си замине од Министерството.

Комуниколозите велат дека вакви најави се сигнали кои функционерите ги праќаат до партиските лидери дека сакаат да се повлечат. Навидум бенигната изјава на Тевдовски во семејно интервју доаѓа во краток временски период по најавата на премиерот Зоран Заев за реконструкција на владиниот кабинет по претседателските избори, коментираат тие.

Инаку министерот за финансии Тевдовски е најпрепознатлив во јавноста по големото задолжување. На социјалните мрежи и граѓаните му дадоа поддршка на министерот да го напушти Министерството за финансии.