дома Политика Тезите на Бектеши се својствени само за Северна Кореја, обвинyва Демократскиот сојуз

Тезите на Бектеши се својствени само за Северна Кореја, обвинyва Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз преку соопштение најостро ја осуди изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, според кого, нема да се разговара со Грција за граѓаните да можат да патуваат во таа земја со цел да останат дома и да одмараат во нашите одмаралишта.

„Таквите тези се својствени само за Северна Кореја. Обврска на министрите е да бараат решенија за слободно движење на граѓаните, капиталот и идеите, а не да не затворат во рамките на Македонија.

Граѓаните очекуваат проактивна дипломатија и членовите на Владата да ги “рушат” бариерите, а не да создаваат нови.

Сите ние долго време сме затворени во своите домови и дополнителни блокади не ни се потребни“, велат од партијата на Трајанов.