дома Македонија ТЕК СЕГА ЌЕ ВИДИ ЗАЕВ И БОРИСОВ: МАНУ распиша тендер за купување...

ТЕК СЕГА ЌЕ ВИДИ ЗАЕВ И БОРИСОВ: МАНУ распиша тендер за купување на телевизори додека Заев ја распродава државата, ама сега откако ќе гледаат вести тешко него!

МАНУ како институција која треба да се грижи за националните и држвните интереси на Република Македонија, што им е обврска молчи за договорот и целсата нетранспарентност од страна на Владата на Заев во врска со договорот за добрососедство на Македонија и Бугарија, а во меѓувреме се подновува со нови телевизори. Молкот од МАНУ по прашања што ги засегаат националните интереси, предизвикува револт и вознемиреност. МАНУ е институција која е најповикана и реакцијата која се очекува, а недостасува отвара нови полиња за размислување.


Денес на интернет страната на Бирото за јавни набавки, беше објавена јавна набавка на телевизор и снимач за звук. Иако МАНУ останаа слепи и глуви по однос на договорот за добрососедсво помеѓу Република Mакедонија и Бугарија, се подновија со нова опрема. Останува искрена надеж дека со опремата ќе се обрне поголемо внимание на тековните случувања. За жал вината не е во опремата туку во оние кои ја користат, и намерно не реагираат.


Ако МАНУ не се грижи за националните интереси и културата се поставува прашањето кој да се грижи, освен народот и дел од политичките партии најповиканата институција молчи. Се поставува уште едно прашање што се потврдува со набавката на аудио- визуелна опрема која е оправданоста на средствата што ги издвојува државата, што за возврат прави МАНУ? Одговорот е лесен! Молчи!


Чувањето во тајност на договорот кај народот предизвикува загриженост и страв, кој е оправдан. Штом нешто се крие има и зошто, стравот од реакцијата на народот кој си ја сака државата води кон логичниот заклучок дека Заев сака да протне нешто со што мнозинството од народот не би се согласил.