дома Македонија ТЕЛЕВИЗИИТЕ СО ЦРВЕНО-ЖОЛТО КАКО ПОДДРШКА: „За Заедничка Македонија“ ги обедини медиумите!

ТЕЛЕВИЗИИТЕ СО ЦРВЕНО-ЖОЛТО КАКО ПОДДРШКА: „За Заедничка Македонија“ ги обедини медиумите!

Македонските медиуми дадоа поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Телевизиите Сител, Алфа и Нова со црвено-жолти панделки и еден од симболите на иницијативата, даваат поддршка на граѓанската иницијата и порачуваат дека се за заедничка Македонија.

Инаку, „За заедничка Македонија“ денес по 10-ти пат ќе го одржи протестниот марш со кој порачуваат дека се за зачувување на унитарноста на Република Македонија. Кон граѓанската иницијатива денес се приклучуваат 23 градови.