дома Актуелно ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ПУТИН-ЕРДОГАН: Убиецот бил член на терористичката организација на Фетула Ѓулен...

ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ПУТИН-ЕРДОГАН: Убиецот бил член на терористичката организација на Фетула Ѓулен која се обиде со воен пуч минатиот јуни!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со Рускиот претседател Владимир Путин за да ги споделат деталите за атентатот на Андреј Карлов. Карлов, Руски Амбасадор, беше убиен од терорист, член на бандата која се обиде со пуч на Фетула Ѓулен

За време на разговорот, Ердоган го брифирал Путин за деталите од нападот врз Рускиот амбасадор Андреј Карлов. Терористот извикувал „ние умираме во Алепо, вие умирате тука“ и „не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија, Алаху Акбар“ пред безбедносните сили да го убијат напаѓачот.

Руските претставници бараат нападот да биде означен како акт на тероризам.

2016 беше крвава година за Турција, имајќи ги во предвид бројните бомбашки напади на ИСИС, пропаднатиот воен пуч во кој загинаа стотици луѓе, а беа повредени мнгоу повеќе, како и постојаното насилство во врска со „курдското прашање“.
Убиството на рускиот дипломат на турска територија само додава на тешката година.

Атентатот се случува само еден ден пред лидерите на Русија, Иран и Турција да се сретнат во Москва за да разговараат за ситуацијата во Сирија. Министрите за надворешни планирале да дискутираат за иднината на Сирија.