дома Uncategorized ТЕЛОТО НА ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ ПРОНАЈДЕНО ВО ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ

ТЕЛОТО НА ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ ПРОНАЈДЕНО ВО ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ

Полицијата во Рио де Жанеиро пронајде труп во изгорен автомобил, за кој се сомневаат дека е на грчкиот амбасадор во Бразил, кој исчезна пред три дена.

Киријакос Амиридис (59) го изнајмил тој автомобил, а пред три дена од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на Копакабана, по што му се губи трага.

Последен пат е виден во предградие на Рио, каде е пронајдено и неговото возило.

Во тек е утврдување на идентитетот на пронајденото тело, пренесува „Би-Би-Си“.

Според изјавите на полицијата, мала е веројатноста грчкиот амбасадор да бил киднапиран, бидејќи не бил побаран откуп.

Степенот на криминал во Рио е висок, а насилните инциденти се чести, посебно во периодот меѓу Божик и Нова година кога стотици илјади туристи го посетуваат градот.

Амиридис бил поставен за амбасадор во Бразил оваа година, а од 2001 до 2004 година бил генерален конзул на Грција во Рио.

 

Тој беше и амбасадор во Либија од 2012 до 2016 година. Оженет е и има една ќерка.