дома Балкан ТЕНЗИИ НА РЕЛАЦИЈА ГРЦИЈА – АЛБАНИЈА: Запален автомобилот на Албанскиот конзул во...

ТЕНЗИИ НА РЕЛАЦИЈА ГРЦИЈА – АЛБАНИЈА: Запален автомобилот на Албанскиот конзул во Солун

Непознати лица синоќа го запалиле блиндираниот автомобил на генералниот конзул на Албанија во Солун.

Палењето се случило во два и пол часот по полноќ. Екипа на противпожарната бригада пристигнала на местото на настанот. При прегледот полицијата открила експлозивна направа. Истрагата се уште трае.

Се уште нема реакција од Албанија.