дома Балкан ТЕНЗИЧНО ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Треба да гласаме на „слепо“ за Преспанскиот договор...

ТЕНЗИЧНО ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Треба да гласаме на „слепо“ за Преспанскиот договор – грчката опозиција го блокира гласањето!

„Гласаме на слепо за Преспанскиот договор“, без да имаме увид во измените во Уставот на Скопје“.

Ова е главниот аргумент кон кој се фокусирани критиките на Нова Демократија во последните два дена додека се одвива дебатата за Преспанскиот договор, секако покрај забелешките во однос суштината на договорот, решението за јазикот и етничките прашања.

Уште од започнувањето на денешната дебата, Никос Дендиас, во име на Новаа Демократија и Андреас Ловердос го интензивирата барањето да се достави пречистен текст од Уставот на Република Македонија.

Со други зборови, од членовите на грчкиот парламент се очекува да гласаат без никакви гаранции дека новите амандмани се внесени во Уставот на Република Македонија.