Воената индустрија на Русија на својата војска испорача повеќе од шестотини единици вооружување и воена техника, изјави министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу
Вооружените сили добиле пет нови военотранспортни хеликоптери МИ-8, десетина најнови тенкови, оклопни возила, противвоздушни ракетни комплекси и средства за комуникација.
Предавањето на воената техника на воениот ресор следеше по детална проверка. На пример, оклопниот транспортер БТР-82А во претпријатието во Арзамас се проверува дури и за пловност во специјален базен.
Поголемиот број на современи модели на руско оружје ќе бидат изложени на меѓународниот военотехнички форум „Армија 2018“.
Засилено е и производството во изградбата на воени објекти. Оваа година ќе бидат оспособени 3.500 згради и објекти. Сите градби се направени користејќи најнова технологија и материјали. Посебно внимание е посвтено на изградбата на инфраструткурата за силите на нуклеарниот арсенал.