дома Хроника ТЕПАЧКА ВО АМБУЛАНТАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Момче му се нафрлило на докторот...

ТЕПАЧКА ВО АМБУЛАНТАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Момче му се нафрлило на докторот со тупаници бидејќи не сакал да чека на ред

Матичен лекар од амбуланта од Шуто Оризари бил физички нападнат од негов пациент на кого не му се чекало ред за преглед. Нападот се случил во средата попладне кога во амбулантата пристигнало 19 годишно момче.

Тој ја оставил здравстевената книшка на шалтерот кај сестрата, а потоа без да чека ред влегол во ординацијата. Докторот го прекорил момчето за однесувањето, а тој веднаш му се нафрлил и го удрил со тупаница во пределот на окото. Поради тензијата вработените бргу повикале го обезбедувањето.

Во амбулантата во меѓувреме дошле и родителите на момчето, а за настанот била известена и скопската полиција.