дома Македонија ТЕПАЧКА ВО ВЛАДАТА: Две жени вработени во Влада вчера се степале!

ТЕПАЧКА ВО ВЛАДАТА: Две жени вработени во Влада вчера се степале!

Две жени вработени во пералната на владината Служба за општи и заеднички работи вчера се степале откако претходно се расправале.

Пресметката се одвивала вчера околу 11.00 часот, во подрумските простории на Владата, односно во пералната каде што работеле жените. Станува збор за 34-годишна жена со иницијали М.Д. и 40-годишна жена А.Н.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.