дома Хроника ТЕПАЧКА ВО „СИТИ МОЛ“: Малолетник од Скопје прободен со нож

ТЕПАЧКА ВО „СИТИ МОЛ“: Малолетник од Скопје прободен со нож

Тинејџер е прободен со нож во тепачка во трговскиот центар „Сити Мол“.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 и 15 часот на терасата на трговскиот центар настанала расправија при што С.С. (18) од село Кондово со нож го прободел шеснаесетгодишник од Скопје.

Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Напаѓачот е приведен.