ТЕПАЧКА ВО СКОПСКИ ХОТЕЛ: Градоначалникот на Шуто Оризари тепал Белгиски државјанин?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тепачката за која пред три дена извести МВР во својот дневен билтен, а се случила во еден скопски хотел, всушност била тепачка помеѓу двајца некогашни соработници кои поради несогласувањата се скарале

 

На социјалните мрежи се појави информација дека на 13-ти овој месец, во еден познат скопски хотел градоначалникот на Шуто Оризари од СДС Курто Дудуш го нападнал гастрбајтерот Демир Демо Исмаил, кој носел хуманитарна помош собрана од Ромската дијаспора во Белгија.

Според информациите на социјалните мрежи, Курто и Демо биле блиски соработници пред локалните избори, еден на друг си помагале, а наводно Демо бил и еден од финансиерите на неговата кампања. Сепак, откако Демо Исмаил открил дека Дудуш ги злоупотребува парите собрани од дијаспората нивните односи се нарушиле.

Од МВР немаа дополнителен коментар ниту подетална информација, но ниту демантираа ниту потврдија дека во тепачката биле вклучени овие лица.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This