дома Европа ТЕРЕЗА МЕЈ: Не си одиме од ЕУ без договор за Брегзит!

ТЕРЕЗА МЕЈ: Не си одиме од ЕУ без договор за Брегзит!

Бритaнската премиерка Тереза Меј ги извести министрите дека не сака Велика Британија да излезе од Европската унија без договор, но дека сеуште не е спремна тоа јавно да го објави, објави Британскиот  „Сан“.

Меј навела дека со прифаќање на „Брегзит“ без договор би останале без главниот адут во преговорите со ЕУ, пишува „Сан“, повикувајќи се на анонимен извор од кабинетот на Британската премиерка, пренесува Ројтерс.

Анонимниот извор, кој присуствуваше на состаноците на премиерката со министрите, за „Сан“ изјавил дека Британската премиерка јасно нагласила дека нема да прифати излез на Велика Британија од ЕУ без договор, пренесува Танјуг.