дома Актуелно Територијална реорганизација на Косово и Србија не може да има без вojнa

Територијална реорганизација на Косово и Србија не може да има без вojнa

Шефот на пратеничката група Алијанса за иднина на Косово во Косовскиот парламент Бесник Тахири остро се спротивстави на идејата за размена на територија и оцени дека Прешево, Медвеѓе и Бујановац на југот на централна Србија не може да се придружат на Косово без војна.

Тахири смета дека територијалната реорганизација е погрешен експеримент.

„Тоа беше прв проект на српскиот премиер Зоран Џинџиќ. Територијалната размена беше грешка на албанската нација и држава. Ова е Косово“, вели Тахири за Репортери, пренесува Косово онлајн.

Тахири додава дека „нема потреба Косово да одговара на барањата на Србија“.

„Не можете да ги преместите Албанците од Прешево без војна“, повторува тој.