ТЕРОРИСТИТЕ ОД „МОНСТРУМ“ НА СЛОБОДА: Тие што убиваа деца пред Велигден на слобода, за тероризам ќе одговара оперскиот пејач Дурловски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со денешните пријави од страна на Основното јавно обвинителство, еден од најдобрите оперски пејачи Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски, поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, пратеници на опозиција и граѓани кои на 27 април си ја бранеа државата се терористи, додека со одлуката на Врховен суд од пред неколку дена убијците на децата од Смилковско езеро се слободни граѓани.

Полицијата рано утрово ги приведе Митко Чавков, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, како и уште многу граѓани, поради тоа што протестираа за зачувување на својата држава.

Протестот на 27 април излезе од контрола, откако противуставно за претседател на Собранието беше избран Талат Џафери. Тогашниот влез во Собранието за ОЈО и судството под контрола на власта на СДСМ и Зоран Заев е терористички чин.

Обвинителството објави дека лицата кои денеска се приведени се гонат за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението.

Граѓаните револтирано прашуваат дали правото на протест на граѓаните, кој поради случувањата на тој ден, со неуставниот избор на претседателот на Собранието, излегоа од контрола, може да бидат ставени во ист кош со терористички напад.

Имено, во случајот „Монструм“ четири момчиња и еден рибар беа убиени на Смилковското езеро на Велики четврток, односно на само 3 дена пред Велигден. Во случајот „Диво Насеље“ пак терористичка група изврши напад во Куманово, при што беа убиени припадници на македонската полиција.

Додека денеска функционери од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и граѓани кои тогаш протестираа се апсат и тоа за кривично дело за тероризам, на лицата кои го извршија петкратното убиство на Смилковското езеро, обвинети во случајот „Монструм“ пресудите им се укинати.

-Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување.“

Кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година беа убиени 4 момчиња и еден рибар. Во акцијата Монструм беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепена и второстепена постапка беа изречени и доживотни казни затвор.

Во јавноста веќе се коментира дека е скандалозно од страна на судството под притисок на СДСМ, лицата обвинети за протест каде граѓаните го изразуваа својот револт од тоа што се случуваше во државата, да бидат ставени на исто рамниште како терористи, кои сега впрочем се ослободуваат откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This