дома Хроника ТЕТОВЕЦ НАПРАВИЛ СУДАР ПА ПYKAЛ ВО ВОЗДУХ: Откако увидел дека возилото му...

ТЕТОВЕЦ НАПРАВИЛ СУДАР ПА ПYKAЛ ВО ВОЗДУХ: Откако увидел дека возилото му е оштетено пykaл во воздух

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д. (65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 26.11.2018 година околу 10 часот на крстосница од улиците „Благоја Тоска“ и „Љ.Б. Пиш“ во Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“, управувано од пријавениот и патничко возило „Фолсваген Пасат“, управувано од М.М. од Тетово.

Откако двајцата увиделе дека нема видлива материјална штета на возилата, го напуштиле местото. По ова, на околу 30 метри од местото на настанот, пријавениот застанал со возилото и забелажал дека сепак на него имало предизвикана материјална штета, се вратил на крстосницата и со пиштол испykaл четири kypшуми во воздух.