April 25, 2024, 11:05 am

Тетовчанец жpтва на измaма, му „извлекле“ пари ветувајќи му работа во Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и седумгодишник од Тетово во полицијата пријавил дека бил измамен од човек кој му ветувал престој и работа во Канада, за што уплатил 28 илјади денари. Тетовец преку електронска пошта добил понуда во ноември 2019 година.

-Лице кое се претставило како С.Б., од консултантска фирма од Канада на А.С. (27) од Тетово му испратил понуда за престој и работа во Канада. Според пријавата С.Б. требало да им ја достави потребната документација, како и бројот од кредитната картичка на А.С од која ќе ја повлечат потребната сума на пари, а тие ќе му ја пополнат апликацијата и за период до шест месеци ќе биде известен за аплицирањето, информира СВР Тетово.

Тетовецот набргу од банката бил известен дека од неговата сметка биле повлечени 27.850 денари.

-Откако поминало повеќе време од најавеното без да добие повратен одговор, сфатил дека бил измамен, па вчера го пријавил случајот, инфомираат од СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This