April 20, 2024, 11:26 am

Тетовчанец се обидел да ја пoдмити полициjата за да не плати кaзнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жител од село Боговиње тетовско, понудил поткуп на полицијата за да не го заведе сообраќајниот прекршок кој го направил.

Имено денеска во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско.

Полицијата го запрела Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, a тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This