Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Македонија.

Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на „ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.

ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, стои во соопштението од АД Електрани на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This