дома Хроника Тешка вepижнa cooбpaќajкa нa автопатот Тетово-Гостивар, пoвpeдeни двe лицa

Тешка вepижнa cooбpaќajкa нa автопатот Тетово-Гостивар, пoвpeдeни двe лицa

Тешка сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера попладне на автопатот Тетово – Гостивар.

-Во несреќата учествувале „БМВ“ со словенечки национални ознаки, управувано од А.Л.(35) од Тетово во кое сопатници биле Ф.Х.(42) од село Пирок, Д.Ф.(50) од село Горно Палчиште, и С.М.(40) од село Пирок, „Ауди“ со хрватски регистарски ознаки управувано од С.С.(46) од село Порок, тетовско и „Рено“ со словенски регистарски ознаки управувано од Б.Б.(41) од село Полошко, гостиварско, информира МВР.

По незгодата на А.Л., Ф.Х., Д.Ф ,С.М. и С.С. им е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде кај Ф.Х. и С.С. се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.