дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО БУТЕЛ: Три лица повредени – морала да интервенира и...

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО БУТЕЛ: Три лица повредени – морала да интервенира и Противпожарната единица

Според првичните информации, на самото место интервенирала и Противпожарната бригада со 5 пожарникари.


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 18 часот на улица „Словенечка“ во скопската населба Бутел.

Во несреќата учестувале две возила, со скопски и со косовски таблички. Повредените се пренесени во Ургентниот центар.

Увидот на полицијата е во тек. Според првичните информации, на самото место интервенирала и Противпожарната бригада со 5 пожарникари.