дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА: Во сообраќајка кај Дабиле загина 49-годишен жител на...

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА: Во сообраќајка кај Дабиле загина 49-годишен жител на Петралинци

Денеска во 13:55 часот на патот Дабиле – Петралинци загина 49-годишен жител од селото Петралинци, струмичко.

Според информациите од Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица, автомобил марка „Пежо“, управуван од Г.Т. (49) од Петралинци од засега непознати причини излетал од патот, удрил во бетонски столб и од силниот удар починал на самото место.

Во моментот екипа на СВР Струмица и јавен обвинител вршат увид на самото место.

Извор
Струмицанет.ком