дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА И КАЈ ШТИП: Со џипот излетал од патот, итно префрлен...

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА И КАЈ ШТИП: Со џипот излетал од патот, итно префрлен во болница!

На 09.04.2018 година во 06,50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај с.Крупиште, патничко моторно возило “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот.

Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип бил извршен увид.

Се работи на расчистување на случајот.