дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СИМПО: Автомобил удрил во велосипедист, итно пренесен на Клиника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СИМПО: Автомобил удрил во велосипедист, итно пренесен на Клиника

Сообраќајна несреќа попладнево се случи на раскрсницата со булевар „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“. Неофицијално во несреќата учествувале автомобил и велосипедист – пренесе Курир

Според првичните информации на МВР во истата повредено е едно лице.

Од полицијата за порталот информираат дека случајот кај нив бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош која била повикана на местото на несреќата. Повредено лице било транспортирано кон една од скопските болници.

Полициски екипи се упатени на местото на несреќата, по што се очекува да бидат познати повеќе детали.