дома Хроника ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВОДНО: Моторцикл прегази тинејџер на велосипед!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВОДНО: Моторцикл прегази тинејџер на велосипед!

Од се уште неутврдени причини, велосипедот управуван од тинејџер се судрил со мотоциклот.


Две лица се потешко повредени во тешка сообраќајка која попладнево се случила на Водно. Очевидци велат дека во сообраќајката учествувал мотоцикл и велосипед.

Нa лице место веднаш дошла екипа на Брза помош и полиција. Повредените за кои очевидците велат дека се во тешка состојба и дека обилно крвареле веднаш се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба.

Полицијата врши увид, а сообраќајот е во прекин.