дома Хроника Тешко повредена малолетничка откако била удрена со возило во Арачиново

Тешко повредена малолетничка откако била удрена со возило во Арачиново

На 10.12.2021 во 12,45 часот на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(63) од с.Арачиново, удрило во малолетничка од с.Арачиново.

По незгодата малолетничката е пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.