дома Балкан ТИЕ СЕ ЈАДНИ, БЕДНИ, МАЛИ ТЕРОРИСТИ: Вучиќ во обраќањето го нарече Косово...

ТИЕ СЕ ЈАДНИ, БЕДНИ, МАЛИ ТЕРОРИСТИ: Вучиќ во обраќањето го нарече Косово „терористичка, бандитска, лажна држава“ и порача дека сите ќе одговараат!

Разговарав со Марко Ѓуриќ. Ние не знаеме да плачеме и да кукаме, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ

„Дојдов вас да ве запознаам со бруталната провокација на приштинските власти поддржани од некои земји“, додаде Вучиќ.

„Седумдесет и пет часа пред денешниот инцидент ја информиравме власта во Приштина дека Марко Ѓуриќ со соработниците ќе влезе во Косово“, рекол Вучиќ.

Српскиот претседател напоменува дека Ѓуриќ три пати најавил дека ќе оди на Косово, а потоа уште два пати, на 24.март.

„Стигнува одговор од Приштина во 23.02 часот на 25. март, велат затоа што не е поднесено на време, не биле во можност да одговориме позитивно на вашето барање. Немаш ти што да одговараш позитивно и да лажеш дека не е во склад со временската рамка“, рекол Вучиќ.

Се поставува прашање дали терористичката, бандитска, лажна држава помислила на воведување на вербален деликт, рекол Вучиќ.

„Додека нам ни зборуваа поединечни западни претставници, немојте да испраќате војска, тие превземаат акција од големи размери, во која терористичка банда упаѓа во Митровица, фрла шок-бомби, тепаат кого стигнат, за што ќе направиме посебен извештај. Тие терористи го уапсија Марко Ѓуриќ. Зошто? Најверојатно затоа што не им се допаѓа Марко Ѓуриќ кој мисли дека тоа е терористичка држава. Тогаш почнаа да го тепаат на очиглед на присутните. Ќе ги покажеме снимките на јавноста. Тогаш таа банда се фотографираше секаде, покажаа какви големи резултати постигнале. Тогаш излегоа на централната улица во Приштина, па понижувањето да биде комплетно. Тие не знаат дека се јадни и мали, тие бедни терористи, го фатиле Марко Ѓуриќ. Ќе го преживее Марко и тоа, но ние нема да поминеме преку ова. Сите кои учествувале во киднапирањето и тепањето ќе одговараат пред српските судови, меѓу нив и двајца од српска националност“, рече Вучиќ.