дома Свет ТикТок се соочува со тyжба вредна милијарди фунти поради прибирање податоци од...

ТикТок се соочува со тyжба вредна милијарди фунти поради прибирање податоци од децата корисници на апликацијата

„ТикТок“ се соочува со правен предизвик од поранешната комесарка за деца во Англија, Ен Лонгфилд, за тоа како ги собира и користи податоците за децата.

Поднесена е тужба во име на милиони деца од Велика Британија и ЕУ кои ја користеа огромно популарната апликација за споделување видеа.

Доколку судот одлучи во корист на тужителите, популарната платформа ќе треба да им исплати на погодените деца илјадници фунти.

„ТикТок“ рече дека случајот е неоснован и дека ќе се бори против него.

Адвокатите тврдат дека ТикТок прибира лични податоци на децата, вклучувајќи телефонски броеви, видеа, точна локација и биометриски податоци, без доволно предупредување, транспарентност или потребна согласност согласно законот, и без децата или родителите да знаат што се прави со тие информации.