дома Хроника Тимови на клиника мобилизирани: Повpeдените од Тетово се пренесуваат во Скопје

Тимови на клиника мобилизирани: Повpeдените од Тетово се пренесуваат во Скопје

Вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот.

До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне

Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Не е познат точниот број на повредени лица, но најголем дел од нив со возила за итна помош се носат кон Скопје.

Тоа што во моментов го имаме како информација е дека скопските клиники се мобилизирани, докторите се дојдени во голем број, салите за операции се подготвени.