дома Хроника Тинejџep и мaлoлетник ce cyдpиja co автомобили – нeкoлкy лицa зaвpшиja вo...

Тинejџep и мaлoлетник ce cyдpиja co автомобили – нeкoлкy лицa зaвpшиja вo бoлницa

На 23.10.2021 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Гостивар – с.Чегране и локален пат во с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(18) од с.Форино и патничко возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Гостивар.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Р., а со телесни повреди се здобил малолетниот возач и малолетен сопатник во возилото „опел“, констатирани во Ургентен центар Гостивар, велат од МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.