Тито не беше погpeбан во Куќата на цвеќето на 8 мај! ШПИOHOT НА ЈОСИП БРОЗ ЈА ОТКРИВА НАЈГОЛЕМАТА TAJHA НА ЈУГОСЛАВИЈА ПО ДУРИ 40 ГОДИНИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште во 1980 година, меѓу сериозните луѓе започнаа да кружат информации дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито кој почина на 4 мај 1980 година во Љубљана не бил погребан на 8 мај, туку следното утро, на непозната локација. Никој не знае каде, открива поранешен агент на Маршалот

Ова за српски Курир го откри Драгиша Ивеља, писател и еден од тајните агенти на Тито, кој бил ангажиран од службата дури и додека претседателот лежел во болницата во Љубљана, каде починал.

Кога Тито умре, целата земја остана во неверување и тага. Ивеља исто така учествуваше во организацијата на погребот, така што тој и неговите соработници ги знаеја деталите што и денес предизвикуваат полемики.

Мистерија

– За време на погребот, имаше проблеми со мермерната плоча за гробот, тешка дури 12 тони, што беше многу тешко да се помести за време на погребот. Заменета беше со полесна плоча, од девет тони, но исто така беше и премногу тешка. Потоа, почнаа да кружат информации меѓу многу сериозни луѓе дека Тито не бил погребан на денот на неговиот погреб, туку следното утро. Каде, не знам, како што никој од моите колеги не знае. Остана мистерија и сето ова е сомнеж, а не тврдење – изјави Ивеља за Курир.

Странски служби

Тој исто така се сеќава на времето кога работел како агент на воени и државни безбедносни служби додека Тито се борел со сериозно заболување.

– Кога на Тито му се слоши, одредени структури му предложија да се пресели од Белград во Љубљана на лекување, веројатно затоа што некои западни служби имаа интерес да бидат што е можно поблиску до границата. Бев таму на терен околу три месеци и ги барав сите информации од болницата. Дознавме дека во исто време работеле разни западни служби, словенски, потоа италијански карабинери. Сите имаа свои луѓе во болница, лекари, еден лаборант, од кого ги добиваа сите информации. Работевме паралелно. Од сите информации, составивме една целина – зборува Ивеља, кој ги опиша своите агентски активности во книгата „Реља- Авантурите на шпионот на Тито“.

Кога Јосип Броз замина од Белград кон болницата во Љубљана, ги зеде со себе своите најверни и најпрофесионални лекари. – Белградските лекари отидоа со него. Негов кардиолог беше д-р Кичиќ, дедо на актерот Гордан Кичиќ. Тој беше негов личен лекар. Покрај него, тој зеде уште двајца или тројца лекари кои беа со него во Клиничкиот центар во Љубљана до последните денови од неговиот живот – вели Ивеља.

Извор. Курир.рс

Фото. FILIP PLAVČIĆ, VLADIMIR ŠPORČIĆ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This