дома Магазин ТИТО ПЕТКОВСКИ: Тевдовски е чист левичар, и на Заев не му се...

ТИТО ПЕТКОВСКИ: Тевдовски е чист левичар, и на Заев не му се допаѓа тоа

Во своето гостување во дневникот на „1ТВ“, претседателот на НСДП и еден од коалиционите партнери на СДСМ и Заев зборуваше за замената на Тевдовски и за преземањето на министерската функција од страна на Заев при што кажа дека мора да се знае дека Тевдовски е автор на економската програма на СДСМ која е чисто левичарска.

-Тевдовски настапи јасно уште во предизборието, како министер уште пожecтоко инсистираше дека тeжината на реформите треба да се определи правилно, дека од богатитете треба да се одземе и да се даде на пocиромашните. Тоа е чисто левичарски пристап, се прашувам да сега да нема некоја идеолошка разлика кога се знае дека економијата ја води еден претставник на бизнис секторот, крупниот капитал, тој cyдар беше тивок, лaтeнтен во самата влада, истакна Петковски.

Според Петковски, повеќе од очигледно е дека министерот Тевдовски не ги исполни очекувањата на Зае и зошто Заев се нафати да го води тој ресор во овој момент останува само да претпоставуваме.