дома Социјални Мрежи ТИТО ПОВИКУВА НА „ЧИСТЕЊЕ“ НА СИТЕ ШТО БИЛЕ ПРОТИВ НАТО И ЕУ:...

ТИТО ПОВИКУВА НА „ЧИСТЕЊЕ“ НА СИТЕ ШТО БИЛЕ ПРОТИВ НАТО И ЕУ: Професорот Тито Беличанец повикува на „чистка“ на сите што биле против НАТО и ЕУ

Повик на насилство, одмазда или деградирање е начинот кој професорот чија заслуга, помеѓу останатите, е и криминалната приватизација спроведена од СДСМ, планира да се „исчистат“ сите кои имале различни размислувања од неговите, односно од оние на неговата партија. Колку и да звучи деградирачки ваквиот став на Тито Беличанец, и да не враќа барем 70 години во минатото, тоа е реалноста со која е соочена модерната Македонска држава. Комунизам во ера на либерализам

„Време е за чистка на  сите кои не се за НАТО и ЕУ“ – коментира Беличанец на преносот во живо од заедничката прес конференција на Зоран Заев и Јоханес Хан, по повод подготовките за започнување на скриниг процес кој би требало да почне по добивањето на поканата, за што пак, ќе се одлучува идната година. Секако, добивање на покана не е сигурен исход, но е посакуван пиар момент за владата.

Ваквиот став на професорот Беличанец, кој, иронично го носи името на последниот Балкански дитатор – Јосип Броз Тито – е во најмала рака скандалозен и неочекуван од интелектуалец, уште помалку професор.

Засега нема реакција од невладините организации кои до завчера бараа најстроги казни за ваквите повици за насилство и говор на омраза. Нема реакција ниту од надлежните инстутиции .