дома Македонија Титo oтkpивa кoj ни e приjaтел: Гepманија, вcyшност, не ја поддpжa Maкедонија...

Титo oтkpивa кoj ни e приjaтел: Гepманија, вcyшност, не ја поддpжa Maкедонија и зacтaна зaд Бугapија во спopoт

„ Кога бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека Бугарија не е осамена во причините за спорот со Македонија, и дека зад неа стојат и други држави од ЕУ, таа всушност пред сѐ мисли на Германија“, вели за МКД.МК, лидерот на НСДП Тито Петковски.

Според него и кога „ Захариева говори за прашањата за историјата па и за јазикот, кои ѝ го наметнува на Македонија како услов за отворање на преговори, и тука ја наоѓаме врската со Германија. За среќа, се спротивставија Чешка и Словачка со многу јасни ставови дека овие прашања – историјата и јазикот не може да бидат услови за сопирање на европската интеграција и дека тоа е спротивно на Копенхашките принципи. Впрочем, со поставувањето на такви прашања се навлезе директно и во интересите на Прага и Братислава, бидејќи се повеќе од длабоки и нивните врски со Кирил и Методиј и просветителите се внесени и во нивните државни акти”, вели Петковски.

Петковски потсетува на одговорот што премиерот на Хрватска Андреја Пленковиќ му го даде на пратеникот во Саборот Бојан Главашевиќ на неговото прашање што ќе стори хрватската влада за да ѝ помогне на Македонија, а во кој е наведено дека Хрватска „се залага за решавање на јазичното прашање” и дека стапила во контакт со бугарски официјални лица, е само уште еден аргумент плус кој го потврдува мојот став како оправдан дека зад таа политика кон Македонија во рамки на ЕУ Софија не е сама, вели во разговор за МКД.мк Тито Петковски.