дома Европа Тлото во Грција не мирува

Тлото во Грција не мирува

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтерова скала беше регистриран утрово во Грција, во близина на градот Патра, jави дописничката на МИА од Атина .

Епицентарот на земјотресот што се случи во 08,44 часот по локално време, се наоѓал во морскиот дел меѓу полуостровот Пелопонез и западна Грција.