дома Балкан Тлoтo вo Хрватска нe ce cмиpyвa: Уштe eдeн зeмjoтpec кaj Петриња во...

Тлoтo вo Хрватска нe ce cмиpyвa: Уштe eдeн зeмjoтpec кaj Петриња во paнитe yтpинcки чacoви

Централна Хрватска, во близина на Петриња, беше погодена од уште еден од од серијата земјотреси со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала или III степен според ЕМС.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 3:53 часот, е регистриран на четири километри јужно од Петриња.

Жителите велат дека имало „грмежи и татнеж“ морничави звуци и крцкање на плакарите во куќите и становите.

Првиот и најсилен земјотрес ја погоди централна Хрватска на 28 декември минатата година и оттогаш земјата во таа област не се смири.