дома Религија Тоа што ќе го правите денеска ќе ви се случува цела година

Тоа што ќе го правите денеска ќе ви се случува цела година

Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.

Игнатовден (месно: Игњет, Игнат, а некаде и „Прв Божик“) — е христијански празник. Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица. Во Македонија овој празник претставува еден од поголемите празници проследуван со многу обичаи и суеверија. Заедничко за сите македонски региони е тоа што смета дека се што ќе се прави на овој ден, ќе ви се случува во текот на целата година.